Новиот папа даде увид во неговиот избор на името Фрaнcис на неговата прва средба со новинарите денес и рече како посакува сиромашна црква и која е “за сиромашните.”, јавува Си-Ен-Ен.
Францис, кој пред да стане папа бил познат како кардинал Хорхе Бергољо, рече дека некој кардинал од Бразил му кажал “не заборавајте на сиромашните”,откако гласовите биле во негова корист.
Оваа мисла ми се заглави во умот, додаде Папата, бидејќи станало јасно дека тој освои две третини мнозинство што значи дека тој е новиот папа.
“Веднаш, во однос на сиромашните, се сетив на Свети Францис Асишки, а потоа се сетив на војна”, изјави тој за насобраните новинари. “Францис сакаше мир и така името дојде до мене.”