Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Mercedes-Benz ја претстави иднината на автомобилите

0
By Нова ТВ on September 15, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 15, 2015 13:14

На претпремиерата на саемот за автомобили во Франксфурт, Mercedes-Benz ја претстави иднината на автомобилите, со што почнува нова ера во автомобилската индустрија позната и под економскиот термин “Industry 4.0”, во која Mercedes-Benz ја зазема својата лидерска улога.

Клучно во стратегијата на Mercedes-Benz е целосната „дигитализација“ што треба да ги опфати речиси сите области, почнувајќи од истражувањето и развојот, потоа делот на производството и маркетинг и продажбата, а секогаш во центар на вниманието е „индивидуата“.

За таа цел, Mercedes-Benz премиерно прикажа што конкретно значи дигитализација во автомобилите, претставувајќи го новиот концепт “Concept IAA” (Интелигентен Аеродинамичен Автомобил), автомобил на иднината.

“Concept IAA” автомобилот поседува активна аеродинамика и го менува својот надворешен изглед и димензии, во зависност од начинот на возење. Должината на автомобилот може да се зголеми за дури 390 мм, овозможено е дигитално управување на истиот, со примена на досега најнапредна технологија што обезбедува комуникација со други возила или извор на информации во сообраќајот.

“Concept IAA” е светски шампион во аеродинамичност на автомобили со коефициент на отпор на воздухот од Cd 0.19.

Внатрешноста на овој концепт автомобил е продолжување на дизајн линијата веќе применета кај моделите S-Class и S-Class Coupé и ја прикажува визијата за изглед на еден бизнис салон во блиска иднина.

Новитети на Mercedes-Benz на саемот во Франкфурт

Mercedes-Benz се претстави со три светски премиери на престижниот саем за автомобили во Франкфурт. Главни ѕвезди на 66-то издание во Франкфурт беа новиот концепт на Mercedes-Benz “Concept IAA” (Интелигентен Аеродинамичен Автомобил), потоа по 44 годишна пауза, враќање на моделот S-Class Cabrio, како и новата верзија на C-Class Coupe.
За традиционалниот совршен изглед на штандот на Mercedes-Benz се ангажирани над 150 лица кои во изминатата една година го подготвуваа претставувањето на најстариот автомобилски бренд, на површина од 9.000 м2. Кусо прикажано низ бројки, употребени се над 850 тони челик, 230 километри кабли и над 4.500 светлечки уреди, за на штандот на Mercedes-Benz се претстават дури 60-тина различни модели.

Mercedes-Benz C-Class Coupé

Атлетски и спортски со живописен излед, сензулани линии е кус опис на новата генерација на моделот C-Class Coupé. Со динамично конфигурирана шасија, со опција за воздушно потпирање, новото C-Class Coupé овозможува високо ниво на удобност при возењето, агилност при управувањето и целосно задоволство при возењето. Лесната конструкција овозможува намалување на вкупната маса на возилото и одлична аеродинамичност, што од друга страна максимално ги истакнува перформансите на автомобилот, повторно поставувајќи, нови највисоки стандарди во својот сегмент.

Mercedes-AMG C 63 Coupé: Најспортскиот модел на C-Class досега

Mercedes-AMG поставува нови стандарди во историјата на брендот: новиот C 63 Coupé претставува следен чекор кон поголема техничка и визулена уникатност. Тоа е сосема видливо во впечатливиот изглед на сводовите околу предните и задните тркала, како и нивната големина,што на новото Coupé му дава муслулест изглед, но и зголемена агилност во управувањето. Автомобилот е задвижуван од AMG мотор со зафатнина од 4.0-l V8 biturbo со моќност од 350 kW (476 кс) или 375 kW (510 кс). Применета е софистицирана суспензија AMG RIDE CONTROL, електронски контролирани амортизери во комбинација со AMG DYNAMIC SELECT модови на трансмисија.

Mercedes-Benz S-Class Cabriolet: Луксуз на отворено

Новиот Cabriolet е шеста по ред варијанта од семејството на новиот модел на S-Class. Луксузна верзија на кабриолет со 4 седишта на S-Class, последен пат е претставена во далечната 1971 година. Моделот поседува исклучителен дизајн, со врвна технологија, вклучително и последните иновации кои се однесуваат на регулирање на температурата кај кабриолет возилата и заштита од негативното влијание на ветерот.

Mercedes-AMG S 63 4MATIC Cabriolet: Автомобил од соништата

За првпат во историјата на компанијата, Mercedes-AMG нуди луксузен кабриолет. Моделот е задвижуван од мотор 5.5-l V8 biturbo со моќност од 430 kW (585 кс) и вртежен момент од 900 Nm, што овозможува забрзување од 0 до 100 км/час за 3.9 секунди. S 63 поседува погон на сите тркала AMG Performance 63 4MATIC.

Mercedes-Benz GLC: Втора генерација, голем чекор напред

Новиот GLC поседува исклучителни перформанси во однос на сите аспекти, погонскиот систем, исклучителна безбедност, помошните системи за возење и енергетската ефикасност. Потрошувачката на гориво е намалена за дури 19%, во споредба со претходниот модел (GLK). Во исто време, поседува и воздушна суспензија AIR BODY CONTROL, единствен меѓу останатите конкуренти, како и DYNAMIC SELECT трансмисија, која заедно во комбинација со погонот на 4 тркала 4MATIC овозможува не само удобност при возењето, туку и спортска агилност – без оглед на условите на површината на возење.

Mercedes-Benz A-Class: Повеќе удобност и спортско возење

Новата генерација на A-Class успешно ги обединува спортските перформанси и зголемената удобност при возењето. Со помош на DYNAMIC SELECT, возачот е во можност, во дел од секундата да ги измени перформансите на возење – од исклучително удобно, спортско или возење со исклучителна ефикасност. Mercedes-Benz исто така го зголеми изборот на мотори и сега се достапни моделите A 160 со моќност од 75 kW (102 кс) , потоа со моќност од 80-kW (109-кс) Верзијата A 180 d BlueEFFICIENCY Edition е со емисија на CO2 од само 89 g/km.

Mercedes-AMG A 45 4MATIC

Со моќност од 280 kW (381 кс) и максимален вртежен момент од 475 Nm, првиот во семејството на Mercedes-AMG модели е најмоќниот компактен спортски автомобил во светот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.