„Без храна, без вода“ е транспарент под кој бегалците во просторот на границата меѓу Србија и Унгарија штрајкуваат со глад незадоволни од односот на унгарские власти кон нив.
Ваквите случувања се откако група бегалци утрово ја пресекле оградата на Унгарија, а 16 биле веднаш приведени од страна на полицијата.
Унгарија од синоќа на полноќ го применува новиот закон за границата според кој за нелегално преминување е предвидена затворска казна од три години, а властите денеска прогласија кризна состојба во две области на југот на земјата, Чонград и Бач-Кишкун, па повеќе не се смета за „безбедна земја“ за барање азил.

Вчера пак , полицијата таму привела 9.380 луѓе поради нелегално влегување во Унгарија.
Унгарската полиција потсети дека според заострените прописи кои од денес се на сила, нелегалното преминување на границата се третира како кривично дело, со можна казна до три години затвор и депортација.




