Шпанска школа за фудбалски тренери базирана во Гетафе, го вработи сиријскиот бегалец Осама Абдула Мосен, кој на насловните страници на светските медиуми се најде откако беше сопнат од унгарската снимателка Петра Лазло додека бегаше на границата заедно со своето дете.
Тој ќе работи во предградие на Гетафе како фудбалски тренер со искуство во сиријскиот прволигаш Ал Форува.
– Ние сме национална тренерска школа и затоа одлучивме да му помогнеме на колегата тренер, изјави директорот на школата Мигел Анхел Галан.
Тој во Шпанија ќе живее со своите две деца, додека неговата сопруга ќе пристигне во земјата покасно, со уште другите две. Ќе добијат стан, храна, облека и работа.
Мосен е лично побаран во Германија и донесен во Шпанија.

На видео-снимките кои ја згрозија јавноста, се гледа како снимателката Петра Лазло го сопнува Мосен кој заедно со својот син Заид, бегаат на унгарско-српската граница под притисок на полицијата.
Таа експресно беше избркана од работа.




