Published: Thursday, September 17, 2015 16:21
Романскиот премиер Виктор Понта е обвинет од Националното обвинителство за борба против корупцијата за фалсификување и перење пари во времето додека бил адвокат, јави Аџерпрес.
42-годишниот Понта во август ги отфрлаше обвиненијата нарекувајќи ги „манипулација со јавното мислење.“ Поднесувањето на денешното обвинение значи дека обвинителите ја затвориле нивната истрага и ја пратиле до највисокиот суд во Романија.
Понта , кој не даде веднаш коментар, одби да поднесе оставка велејќи дека сака да остане премиер до парламентарните избори во декември 2016 година.




