Published: Friday, September 18, 2015 10:55
Кубанскиот дипломат Хозе Кабањас стана првиот кубански амбасадор во САД по 54 години, откако неодамна повторно се воспоставија дипломатски односи меѓу двете земји.
Кабањас, кој и досега работеше во Вашингтон на односите меѓу Куба и САД, вчера го предаде акредитивното писмо на американскиот претседател Барак Обама.
Кубанската Амбасада во Вашингтон соопшти дека врачувањето на акредитивното писмо на кубанскиот амбасадор во Вашингтон е уште еден чекор во процесот на нормализација на односите меѓу двете земји.




