Унгарија прогласи кризна состојба во регионите Зала и Вас, на западниот дел од земјата, како и Барањи и Шомоќи на југозападниот дел. Периодот на кризна состојба ќе трае до 18. март следната година.
Унгарската полиција соопшти дека вчера, поради нелегално поминување на границата, уапсила речиси 500 луѓе.
Поради целосното затворање на границата од страна на Унгарија, бегалците се упатија кон Хрватска а оттаму повторно во оваа земја.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави подигање на ограда и на границата со Хрватска, за да го стопира бранот на мигранти, а земјата веќе ангажирала стотина војници и полицајци на границата.
Тој очекува оградата да биде покрената до истекот на денешниот ден, во должина од 41 километар.
– Мораме да ги преземеме истите мерки како што ги преземавме на границата со Србија, изјави Орбан за унгарско радио, додавајќи дека на оградата во моментов работата 600 војници,а дека ќе бидат ангажирани уште најмалку 1.200 за време на викендот, пренесува Ројтерс.




