Денешната Парада на гордоста во Белград помина без инциденти, а учесниците велта целта им било да покажат солидарност и да ги запознаат луѓето со положбата на ЛГБТ популацијата во општеството.
Како што пренесува Танјуг, учесниците биле задоволни бидејќи им биле исполнети очекувањата.
Еден од учесниците вели позитивна енергија имало, но го чекал моментот кога Парадата ќе може да се одвива без големо присуство на полицијата.
– Го чекам моментот кога за тоа нема да има потреба и луѓето ќе можат да излезат на улицата и да направат журка на која добро ќе си поминат независно од тоа каде се родени, во кого се вљубени и каде припаѓаат, вели Александар од Белград, кој учествувал и на Парадата во Берлин, Германија.
Една од учесничките пак, Лепуруша од Албанија, истакнала дека е среќна што пријателите од Србија имале можност да поминат еден ваков ден без инциденти.
– Се надевам дека дискриминацијата ќе престане, бидејќи сите сме луѓе и сите сме еднакви, истакнала таа.




