Грчките конзервативци го признаа поразот во пресрет на победата на Сириза и нејзиниот лидер, Алексис Ципрас.
Од досега изброените 31 отсто од гласовите, Сириза ја добила поддршката од околу 35 отсто од гласачите пред Нова Демократија со 28 отсто.
Резултатите сепак не се доволни за Ципрас да добие апсолутно мнозинство во Парламентот и ќе и требаат парнери во новата влада.
Лидерот на Нова Демократија, Вангелис Мимаракис му честиташе на Ципрас.
– Резултатите покажуваат дека Сириза и Ципрас се во водство. Му честитам и го повикувам да создаде широка коалиција за спас на земјата, изјави Мимаракис.
Ова се петтите избори во шест години во Грција, а денешните предвремени парламентарни избори беа свикани откако Сириза го загуби мнозинството во август годинава.




