Министрите за внатрешни работи на ЕУ го одобрија контроверзниот план за преселување на 120.000 мигранти низ континентот во текот на следните две години, јавува Би-Би-Си.
Овој план се однесува на мигрантите кои од Италија, Грција и Унгарија одат во други земји на ЕУ.
Романија, Чешка, Словачка и Унгарија, гласаа против прифаќањето на задолжителни квоти.
По гласањето, премиерот на Словачка, рече дека нема да ги прифати новите квоти.
Финска се воздржа од гласање. Полска, која се спротивстави на предлогот, гласаше сепак за. Дописникот на Би-Би- Си Крис Морис изјави дека е многу невообичаено за прашање како ова – кое вклучува национален суверенитет – да се одлучи со мнозинство гласови отколку со едногласна одлука.
Овој план сега мора да биде ратификуван од страна на лидерите на ЕУ во Брисел во среда.




