Херман Ван Ропмуј, актуелниот претседател на Европскиот совет, најавува дека ја напушта политиката откако ќе истече неговиот мандат кон крајот на 2014 година.
“2014 е крајот на мојата политичка кариера ”, Ројтерс пренесува делови од телевизиското интервју на Ромпуј за белгискиот канал ВРТ кој емитува програма на холандски јазик. Ромпуј во интервјуто одговара на прашање дали ќе има некаква улога на следните избори во Белгија.
Ван Ромпуј има долга кариера во белгиската политика. Бил министер за финансии и премиер на Белгија.
“Се уште имам членови во семејството кои ќе се кандидираат, така што оние кои сакаат да гласаат за Ромпуј, можат тоа да го сторат”, вели Ромпуј.