Published: Thursday, September 24, 2015 10:34
По неколку часа откако беше именуван како заменик-министер за транспорт во новата влада на Грција, Димитрис Каменос, поднел оставка.
Како што наведил Каменос, ја напушта функцијата поради скандал со негиот профил на социјалната мрежа Твитер.
Премиерот Алексис Ципрас побарал од лидерот на коалицискиот партнер, Независни Грци, да ја провери автентичноста за неколку расистички и хомофобски коментари објавени од новиот заменик-министер.
Каменос се извинил со образложение дека неговиот Твитер профил го раководат 15 негови соработници.




