200.000 илјадни католици мавтајќи со знамиња од целиот свет беа на плоштадот Свети Петар да го слушнат папата Францис да го испорача својот прв Ангел Господов, јавува Си-Ен-Ен.
Новиот папа го даде својот Ангел, или пладневниот благослов со зборовите: “Драги браќа и сестри, добро утро”, рече тој на италијански, што предизвика извици на воодушевување кај толпата.
За време на 15-минутното обраќање, тој се фокусираше на простување.”Никогаш не заборавајте го ова: На Господ никогаш не му е здодевно да ни проштева”, рече тој. “Дали сте размислувале за трпението што Бог го има со секој од нас?”
Во едно од ретките потези за папа, Францис спонтано излезе од Ватиканската територија да ги поздрави добронамерниците надвор од Портата Св. Ана, а толпата постојано извикуваше”Франческо, Франческо!”.
Исто така денеска, папата ја испрати својата прва порака од папскиот Твитер профил: “Драги пријатели, Ви благодарам од моето срце и јас барам од вас да продолжите да се молите за мене. Папата Францис.”.