Published: Thursday, September 24, 2015 13:10
Околу 310 аџии починале, а 450 биле повредени во човечкото стампедо во Мина, Саудиска Арабија, надвор од муслиманскиот град Мека.
Мина се наоѓа на околу 5 км од Мека. Тука во над 160.000 шатори спијат верниците за време на аџилак.
Околу 2 милиони луѓе се на аџилакот кој започна во вторникот.
Властите на Саудиска Арабија потенцираат дека ги преземале сите неопходни мерки за безбедност за време на чинот.



