Published: Thursday, September 24, 2015 15:10
Според поранешниот прв човек на ЦИА, Дејвид Петреус, Сирија се претворила во “геополитички Чернобил“ на екстремизмот и хаосот, која предизвикува негативен ефект со последици кои се закануваат да траат со децении.
– Како нуклеарната катастрофа, негативниот ефект од сириската криза се заканува со последици кои ќе траат со децении и што повеќе му дозволуваме да трае, за нас ќе бидат потешки последиците, рече Петреус пред Комитетот за оружени сили при американскиот Сенат.
Тој вели дека САД има обврска да го реши сирискиот конфликт и покрај тоа што смета дека Русија е важна политичка сила.
Петреус смета дека акциите на Москва за решавање на кризата на Блискиот исток имаат наводно провокативен карактер.




