Го одбиле за инвалидска пензија со образложение дека лекувањето не е завршено иако болеста е неизлечива. Вака ја започнува својата приказна шеесет и двегодишниот Гроздан Стаменковски од Крива Паланка, кој две и пол години чека да добие инвалидска пензија.
Овој тешко болен човек работел 35 години. Сега е стечаец, без било каква помош од државата. Гроздан живее во сиромаштија во едно кривопаланечко село. Нема пари да ги купи скапите лекови, да ги плати снимањата , анализите.
Но, тој не ја губи надежта, сеуште верува во човечноста на институциите на системот. Се промени ли нешто на подобро по акцијата „Метастаза“ кога беа уапсени 34 лекари и вработени во инвалидските комисии под сомнение дека земале поткуп.