Во 2016 владата планира да потроши три милијарди и 183 милиони евра. Според проекцијата на министерствити за финасии инфлацијата треба да биде два отсто, а растот на бруто домашниот производ да изнесува четири насто. Министерот за финансии Зоран Ставрески рече дека смета оти изборите во април нема да влијаат на растот на економијата.
„Изборите овозможуваат веднаш после нивното завршување да има подолгорочна перспектива и стабилност за стопанството, за оние кои сакаат да инвестираат. Така да изборите се во април што значи дека две третини од годината ќе бидат доволен период за инвестии за бизнисмените кои ќе сакаат да ја искористат таа долгорочната перспектива“, рече Зоран Ставрески, министер за финансии.
Во однос на структурата на расходите, ќе се потрошат речиси исто пари за плати и за капитални инвестиции. Имено, за плати на администрацијата се планирани над 420 милиони евра, што е раст од 3,3 отсто во одно на 2015, додека за капитални инвестиции ќе се издвојат 408 милиони евра односно 13 отсто повеќе од лани. За стоки и услуги се планирани речиси 320 милиони евра.