Published: Friday, September 25, 2015 15:08
Премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска изјави дека мерките на граничните премини со Србија ќе бидат отстранети во следните 24 часа.
Тој рече дека одржува разговори со неговите колеги за отворање на границата со Србија.
Неговата изјава доаѓа откако портпаролката на Европската Комисија побара итно појаснување од хрватските власти за одлуката да ги блокираат камионите од Србија со цел да извршат притисок во Белград да ги праќа мигрантите кон преминот Хоргор со Унгарија.
Шефицата за надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини денеска исто така ги повика премиерите на Србија и Хрватска да го решат проблемот.
>> Милановиќ и Вучиќ – предизборна реторика за мерките на граничните премини




