Сепаратистите кои се залагаат за отцепување на Каталонија од Шпанија, обезбедија апсолутно мнозинтсво на регионалните избори, покажуваат првичните резултати од вчерашното гласање.
Главната сепаратистичка алијанса „Заедно за“ – што ја сочинуваат владејачката Конвергенсија на претседателот Артур Мас и малата, крајнолевичарска и сепартистичка партија Есквера Републикана, обезбедија 72 од 135 пратенички места во регионалниот Парламент.
Тие се залагаат за еднострано да прогласат независност за околу 18 месеци.
Како што најавуваат странските медиуми, сепаратистите се залагаат веднаш со подготовки за процесот за „независна Каталонија“.
Шпанската влада остро се спротивставува на идејата за независност а премиерот Маријано Рахој неколку пати претходно напомена дека „заминувањето на Каталонија ќе ги погоди сите во Шпанија“, и дека затоа единствено исправо демократско решение е референдум на кој би гласале сите во Шпанија, а не само на Каталонците.
Последните анкети покажуваат дека повеќето од Каталонците се согласуваат со одржувањето референдум за независност, но се длабоко поделени околу отцепувањето од Шпанија.
Каталонија, во која живеат 7,5 милиони жители, важи за една од најбогатите во Шпанија и остварува една петина од шпанскиот бруто национален приходи БДП.




