Published: Monday, September 28, 2015 10:50
Лидерите на САД и Русија, Барак Обама и Владимир Путин за првпат по 2012 година ќе седнат денеска на преговори во Њујорк.
Долгоочекуванта средба ќе следи откако двајцата ќе се обратат пред Генералното собрание на Обединетите нации.
Состанокот, според предвиденото треба да трае околу 1 час, а ќе разговараат во просториите на руската мисија во ОН. Во фокусот на разговорите ќе биде кризата во Сирија, како и руската улога во кризата во Украина.




