Рускиот претседател Владимир Путин повика на регионална координација во борбата против Исламската држава. Тој повторно пред светската јавност денеска ја потенцираше неговата поддршка за сиријскиот претседател Башар ал-Асад.
Спротивно од неговите залагања, Западот и опозицијата во Сирија бараат заминување на ал-Асад, и негодување за поддршката која Путин му ја дава на режимот на ал-Асад.
Токму овие разговори ќе бидат во фокусот на разговорите на денеѓната средба помеѓу амерканскиот претседател Барак Обама и рускиот, Владимир Путин.
Наскоро и британскиот премиер Дејвид Камерон се очекува да го даде својот исказ во врска со претседателот на земјата од која во моментов потекнуваат најмногу од бегалците кои доаѓаат во Европа.
Според британските медиуми, Камерон е за преодна влада, а ал-Асад би можел да остане се до изборите на челото на државата.
– Башар ал-Асад не може да биде дел од иднината на Сирија, тој го искасапи својот народ. Тој е помагател во сегашниот конфликт и бегалската криза, тој е регрут на ИСИС, изјави неодамна Камерон.
Путин пак неодамна во интервју за CBS, рече дека сиријската војска е единствената легитимна сила присутна на тлото на Сирија, а која се борела против ИСИС.




