Русија започна со воздушните напади во Сирија против опонентите на претседателот Башар ал-Асад, соопштил претставник на американското Министерство за одбрана, објави BBC.
Нападите биле изведувани на западниот дел на земјата околу градот Хомс, а Вашингтон бил информиран однапред дека нападите ќе се одвиваат.
Граѓанската војна во Сирија се одвива веќе четири години, а започна откако вооружени бунтовници започнаа иницијатива да го симнат ал-Асад од претседателската фотелја.
Во борбата против сиријскиот претседател подоцна се вклучија и џихадистите од Исламската држава.
Како што соопштило американското безбедносно биро, тие биле известени од руски претставник присутен на терен во Багдад утрово, кој исто така од САД побарал да не се меша во воздушниот простор за време на нападите кои ги изведува Русија.
Американскиот претставник пак, потенцирал дека коалицијата која ја предводи САД во борбата против ИСИС ќе продолжи и изразил критика за потегот на Русија.
– Добредојден е конструктивен пристап од Русија, но денешното дејствување нема да ги запре нашите намери. Потребно е наскоро да разговараме за ова, изјавил тој.




