Античката гробница која беше откриена на северот на Грција во близина на Серес најверојатно му припаѓа на Хефестион, пријателот на Александар Македонски, изјавиja вчера археолозите кои работат на ова откритие.
“Претпоставуваме дека се работи за гробница која била наменета за херои и која му е посветена на Хефестион”, изјави Катерина Перистери, археолог. Таа додаде дека не знае дали тој бил ставен внатре.
Според античкиот историчар Плутарх, по смртта на Хефестион во Ектабан во Иран, Александар побарал од својот архитект Деинократес да изгради маузолеи низ целата земја, потсетува Перистери.
Оваа гробница е најзначајната досега откриена во Грција и се наоѓа на 60 км од Серес. Таа беше откриена во 2010 година и отворена минатата година подгревајќи ги шпекулациите дека можеби се работи за гробот на човек кој бил многу близок до Александар, како мајка му Олимпија или неговата сопруга Роксана па дури и за гробот на самиот Александар. Но ископувањата досега не дадоа прецизен одговор околу тоа кому му припаѓа гробот.
Перистери и шефот на архитектите Михалис Лефанѕис изјавија дека откриле три натпици со зборот «паревалон» и монограмот на Хефастион.
Други археолози сметаат дека гробницата е изградена во романскиот период и дека не направена од страна на античките Македонци. Според Перистери, комплексот е изграден во 4 век пред Исус, помеѓу 325 и 300 година и бил користен се до романската епоха.
Станува збор за огромен комплекс. На врвот на ѕидовите има лавови и две сфинги на влезот кои датираат од 325 и 300 година и тие се доказ дека за “спектакуларниот” споменик, изјави Периcтери пред една година кога беше соопштена веста за откривањето на гробницата.
Според Куртиус Руфус, историчар од романско време кој живеел во 1 век по Исус Христос, Хефастион бил генерал во војската на Александар Македонски и негов „далеку најдраг пријател на кралот, израснат со Александар и ги знаел сите негови тајни”. Ова нивно пријателство траело во текот на целиот нивен живот. Според некои историчари, Хефестион бил единствената вистинска љубов на Александар.




