Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу на состанокот посветен на безбедноста во Њујорк, порача дека мора да се направи многу повеќе по прашањето за заштита на правата на бегалците од Сирија.
Тој ја повика Меѓународната заедница да имплементира безбедни зони во Сирија со цел да се спречи понатамошен прилив на бегалци.
Според него, Турција досега направила многу повеќе од можностите кои таа ги има.
– Башата врата ќе остане отворена. Нашите срца ќе останат отворени и понатаму, нагласи Давутоглу.
Тој, исто како и лидерите од Западот, побара од претседателот на земјата, Башар ал-Асад да си замине од лидерската позиција во Сирија.
– Секој кој размислува за решавање на сиријската криза, мора да размислува за Сирија без Асад, тој брутален тиранин кој со хемиско оружје и бомби го нападна својот народ, рече Давутоглу.
Во Турција во моментов се наоѓаат околу 2 милиони Сиријци, и според премиерот, тие имаат многу повеќе во нивната земја отколу било која друга европска земја.




