НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фејсбук најавува измени, наместо профилна слика, можност за кратко видео

0
By Нова ТВ on October 1, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Социјалната мрежа Фејсбук најави неколку крупни измени насочени кон подобрување на искуството кај корисниците на мобилни уреди.

Измените, кои засега се во фаза на тестирање, се сконцентрирани на профилните страници, кои имаат четири милијарди посети дневно.

Се планира наместо слика, корисникот да може да прикачи кусо видео од седум секунди, видливо за секој што ќе го посети профилот.

„Светот се промени откако ги воведовме профилите во 2004 година. Се повеќе луѓе создаваат видеа, повеќе од кога и да е порано. Почнавме да го тестираме следниот чекор во очигледната еволуција на профилите – профилните видеа. Наскоро, ќе можете да снимите краток филм, кој ќе се пушта и ќе „врти“ кога некој го гледа вашиот профил. Овие видеа ќе ви дозволат да прикажете дел од себе кој не можевте да го прикажете претходно и тие ќе му дадат нова димензија на вашиот профил“, објаснува Фејсбук.

Друг новитет кој го воведува Фејсбук е поставување на привремена верзија на профилната слика, која по одредено време се менува со старата.

Фејсбук најавува и можност да изберете пет фотографии кои ќе се прикажуваат на врвот на вашиот профил.

„Направивме и некои измени во дизајнот на мобилните профили, кои го подобруваат искуството со Фејсбук и подобро ги презентираат информациите за вас и вашите пријатели. Ги поместуваме профилната фотографија и профилното видео напред и во средината на вашите профили. Фотографиите ќе бидат во средината и ќе бидат поголеми, а на врвот на профилот ќе се најдат линковите до вашите пријатели и до нивните фотографии“, велат од Фејсбук.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025

ОН: САД го намалуваат финансирањето за мировните мисии, на цивилите им се заканува опасност

September 3, 2025

СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

September 2, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.