Фестивалот „Денови на македонска музика“ 2013, свечено ќе биде отворен на 28 март со концерт на Македонската филхармонија под диригентство на Борјан Цанев.
На концертот насловен „Синтези“ ќе бидат изведени народни македонски песни аранжирани и оркестрирани од македонските автори Александар Џамбазов, Илија Пејовски, Живојин Глишиќ, Драган Даутовски, Кокан Димушевски, Тодор Трајчевски, Сони Петровски, Горан Начевски, Дамјан Темков и Мајкл Бакрнчев.
На концертот ќе бидат изведени бројни познати теми меѓу кои: „Мори чупи Костурчанки“, „Кажи, кажи, либе Стано“, „Бор садила“, „А бре македонче“, „Учи ме мајко, карај ме“, „По друм одам“, „Си заљубив едно моме“, „Јовано, Јованке“ и други, а ќе настапат наши познати солист: Драган Даутовски, Сузана Спасовска, Леб и сол, Ѓоко Таневски, Андријана Јаневска, Наде Талевска, Јана Бурческа, Иван Наумовски и други.
Манифестацијата „Денови на македонска музика“ се реализира под покровителство на Претседателот Ѓорѓе Иванов, а е поддржан од Министерството за култура.