Published: Friday, October 2, 2015 09:29
Министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер-Штајнмаер ги повика европските земји да пронајдат заедничко решение за бегалската криза.
– Германија веќе прифати 600.000 бегалци од почетокот на годината и секој ден пристигнуваат до 10.000 лица, подвлече Штајнмаер во своето обраќање на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Тој потенцираше дека е потребно европско решение.
Штајнмаер повика за зајакнување на притисокот со цел уредување на конфликтот во Сирија, а истовремено рече дека е неопходно Русија да преземе политички дејствија за одржување транзиција во Сирија.




