Published: Friday, October 2, 2015 09:34
Минатата вечер најмалку 15 луѓе загинаа, а над 20 се ранети при вооружен напад во колеџ во во американската сојузна држава Орегон. Полицијата го совладала и уапсила напаѓачот, чии мотиви за нападот не се познати за јавноста.
Според канцеларијата на шерифот на округот Даглас, во кој се наоѓа колеџот, инцидeнтот се случил во 19:40 вчера.
Дел од американските медиуми пишуваат дека напаѓачот на интернет страницата „4chan“ ги објавил своите намери дека ќе изврши напад.
Градот Роузберг, каде што се случил нападот, кој има околу 20.000 жители, се наоѓа на околу 420 километри јужно од Портланд.




