Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Евроњуз се сели во “уметничко дело”

0
By Нова ТВ on October 3, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На 15 октомри Евроњуз ќе го инаугурира своето ново седиште во Лион, Франција. Зградата е спектакуларна. Станува збор за зграда во форма флуо-зелена коцка.

Архитектонското биро Јакоб МакФерлејн е автор на зградата. Коцката има шест спрата а на фасадата зелена метална мрежа. Предниот дел на фасадата е свртен кон реката и има две големи кружни отвори (вортекси) кои ја привлекуваат светлината до внатрешноста на зградата.

«Уметничко дело…», изјави Микаел Петерс, директор на бордот на Евроњуз и додаде дека во ова дело архитектите нашле начин да внесат цела «фабрика». Евроњуз вработува 800 лица и емитува програма на 13 јазици. Новата зграда има 10.000 квадратни метри.

Петерс вели дека било време да се направи нова и модерна зграда која ќе може да се споредува со седиштата на Си-Ен-Ен или Би-Би-Си.

Новата зграда чини 50 милиони евра а внатрешниит дизајн е «хајтех» во црна, бела и зелена боја.

Евроњуз започна да емитува програма во јануари 1993 година со амбиција да фрли ново светло врз меѓународната актуелност. Развојот на оваа телевизија која од пет јазици денес емитува на 13, го привлече египетскиот милијардер Нагуб Савириз кој во февруари годинава вложи 35 милиони евра во проектот. Тој верува во бизнис планот на раководството на Евроњуз и убеден е дека вредноста на телевизијата ќе расте.

Според плановите на раководството, Евроњуз ќе се обиде, со новиот план, да ги демантира критичарите кои тврдат дека оваа ТВ е всушност радио со слика. Наскоро се планира нова програма на англиски и француски посветена на актуелноста во Африка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.