Командирот на специјалната единица за брза интервенција „Ренеа“ од полицискиот комесаријат во северниот албански град Скадар, Симон Ѓета е убиен вчера доцна попладне при полициска акција за апсење на криминалец во селото Облик, јави МИА.
Во акцијата во која учествувале и припадници на специјалната единица требало да биде уапсен 52-годишниот Ружди Аришта.
Кога полициското возило се приближило до неговата куќа каде се криел, тој почнал да пука. Во моментот кога Ѓета, влегол во неговата куќа, со цел да го убеди да се предаде, тој со калашников директно пукал во него и тешко го ранил, по што на пат за болница командирот им подегнал на повредите.
Акцијата следувала по инцидентот во кој Аришта пукал и ранил 21-годишно момче.
Полициски извори наведуваат дека Аришта бил познат како проблематична и многу опасна личност.
Во акцијата виле вклучени 250 полицајци и 15 оклопни возила.




