Published: Sunday, October 4, 2015 14:02
Во пополавите кои следеа по големото невреме кое викендов го зафати францускиот Азурен брег, најмалку 13 лица ги загубија животите, пишуваат франуцските медиуми.
Од силните дождови, улиците на Кан и на Ница беа преплавени, а податоците за настраданите се менуваа од час во час во саботата.
Спасувачките екипи имаат големи тешкотии при пристапот во зоните во кои има настрадани, што укажува на тоа дека бројот на жртви се очекува да биде зголемен.
Францускиот претседател Франсоа Оланд ја истакна „солидарноста на нацијата“ и им упати сочувство на семејствата на жртвите.
Премиерот Мануел Валс, кој е во посета на Јапонија, искажа длабока тага.




