Никос Вуцис е нов претседател на Парламентот на Грција.
Тој е поранешен грчки министер за внатрешни работи а денес е избран како кандидат на владејачкиот блок на Коалицијата на радикалната левица (Сириза) и партијата Независни Грци (АНЕЛ).
За Вуцис се изјаснија 181 пратеник од вкупно 297-те присутни пратеници на 300-члениот грчки Парламент.
Новиот грчки Парламент, кој беше избран на вонредните избори на 20 септември, својата конститутивна седница ја одржа вчера, кога пратениците положија свечена заклетва.
Вуцис ја наследи 38-годишната Зои Констандопулу, која заедно со група пратеници во август ја напуштија Сириза и ја формираа партијата Народно единство. На септемвриските избори партијата не успеа да го мине изборниот праг и да освои пратеници во Парламентот.




