Published: Monday, October 5, 2015 11:01
Едно лице загина, а девет се повредени во сообраќајна несреќа, која се случила во синоќа околу 22:30 часот на патот Врање-Прешево, на околу два километра од Бујановац.
Несреќата се случила кога камион со македонски регистарски ознаки се судрил со автобус со регистарски ознаки на Лесковац кој превезувал азиланти од Прешево кон Врање и Белград.
Српските минути пренесуваат дека на лице место биле ангажирани четири санитетски возила.
Повредените од кои девет биле со потешки, а осум со полесни повреди, биле префрлени во болницата во Врање, а седумина биле пуштени.Ситуацијата е критична за три-годишно дете.
Возачот на автобусот е задржан на 48 часа во полицијата а за него ќе следи и кривична
пријава, соопшти полицијата од Врање.




