Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири вработени во приватниот сектор издржуваат по еден административец

0
By Нова ТВ on October 5, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 5, 2015 12:22

До година, само за плати на администрацијата ќе се потрошат повеќе од 421 милион евра, или 13,4 милиони евра повеќе во однос на годинава. Опозициската СДСМ, меѓу другото, предлага Владата да го објавува точниот број на буџетари што чекаат плата од државната каса, преку месечни извешати и списоци. Според Министрството за инфорамтичко општество и администрација, во јавниот сектор се вработени 128 253 луѓе, известува Порталб.

Колку точно луѓе се вработени на државна сметка?

Најголем број на вработени во јавниот, односно државниот сектор има во образованието, следуваат фондовите, Владата, администрацијата, агенциите, дирекциите на централно ниво, потоа по бројност на вработени се здравство, полицијата, социјалната заштита. Во јавните претпријатија, бројот на вработени изнесува нешто повеќе од 19 илајди луѓе.

Вкупната бројка на вработени во јавниот сектор, според информацијата од ресорното министерство, изнесува 128 253 лица. Оваа бројка беше обелоденета откако во јавност се лиферуваше информацијата дека на барање на европскиот експерт Прибе, Владата соопштила дека вкупната администрација брои 185 000 лица.

Дел од бизнисмените сметаат дека сепак, бројот на административци што го соопштува Владата не е конечен.

„Владата соопшти дека во јавниот сектор имало 123 илјади вработени. Јас сметам дека оваа бројка не е конечна. Мојот став е дека администрацијата, односно се што значи држава, брои 172 000 вработени. Ние сега имавме бран на вработување преку различни агенции. Сметам дека не се прикажани вработувањата на локално ниво, во делот, на пример, на вработувањата во градинките или општинската администрација. Дополнително, тука се и оние кои што седат дома и земаат плата, но прашање е како и дали се евидентирани“, вели за Порталб бизнисменот, претседател на Македонско-бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски.

Во последните неколку години Владата спроведе неколку модели за масовни вработувања во јавната администрација. Еден таков концепт беше спроведен во средината на 2010 та година, кога 5000 привремени вработувања беа трасформирани во трајни вреботувања. Во 2013 година беше објавено дека администрацијата се отвора за 1 600 невработени лица, главно од ранливите категории на граѓани.

Масовни огласи за вработување во јавните прептријатија, државните агенции, образованието беа спроведени и со почетокот на политичката криза, на почетокот од годинава, непосредно пред да стапи на сила новиот Закон за администрација.

Следуваше експересна собраниска постапка, во која владеачкото мнозинство изгласа законски измени со кои се овозможи трансформација на приверемени вработувања во траен работен однос , со што практично преку ноќ се создадоа услови за вработеувања на три илјади лица. Како што расте бројот на вработени во јавната управа, така расте и сумата за исплата на плати.

„Рамковните вработувања, вака како што се реализираат се сведуваат само на трошење буџетски пари. Каде е ефектот од овие вработувања, во смисла на квалитетна и ефикасна услуга од администрацијата? Таков позитивен ефект нема. Генерално, за жал вработувања во администрацијата се начин за купување на партиски гласачи на терет на сите граѓани и оваа состојба се провлекува повеќе години“- вели за Порталб универзитетската професорка Шенај Хаџимустафа.

Анализата на буџетските документи покажува дека ставката за плати и придонеси е во постојан пораст. Така, ако во 2008 ма година таа изнесувала 373 милиони евра, сега , со Буџетот за 2016 се зголеми на повеќе од 421 милион евра.

Плати и надоместоци:

2016 та година 421 000 000 евра

2008 ма година 373 000 000 евра

Но, сепак, ова не е конечната сума за финансирање на администрацијата. Преку буџетските трансфери за образование догодина се плнираат околу 208 милиони евра а најголем дел од овие пари завршуваат за финансирање на платите на вработените во образованието. Тука е и ставка “ дополнителни услуги“, која годинава изнесува 480 милиони евра, а преку која според, дел од економистите, се финасираат и популарните “договори на дело“.

„Наместо да го зголемуваме бројот на вработени во администрацијата, политиките треба да се насочат кон создавање на клима за повеќе вработувања во приватниот сектор, кој е носечки за вкупната економија. Ние сме сведоци дека и Европската Унија постојано упатува на проблемите во администрацијата и тие критики се многу негативни за земјава“ – оценува за Порталб професорката Шенај Хаџимустафа.

Додека варботувањата во администрацијата, остануваат најпожелни, податоците на надлежните институции покажуваат дека во земјава, четири вработени во приватниот сектор издржуваат еден административец.

Но, доколку се направи анализа на податоците што ги објавува Заводот за статистика за бројот на вработени во приватниот сектор и бројот на вработени во државниот сектор и фирми со мешовит или здружен капитал, тогаш соодносот покажува дека на 3,4 вработени во стопанството има 1 во фирмите и институциите со државен или мешан капитал.

Според професијата, односно занимањето, најдобро платени се функционерите, директорите, стручњаците и научниците. Така, од вкупниот број или 35 илјади членови на законодавни тела, функционери, директори, дипломати, скоро 10 700 месечно заработуваат од 20 илјади до повеќе од 40 илјади денари.

Истата сума ја заработуваат повеќе од половина од научниците и стручњаците, односно скоро 50 илјади лица. Од друга страна најголем дел од вработените со елементарните занимања, ракувачите со машини, техничарите, земаат плати пониски од 16 000 денари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.