Поранешниот романски премиер Адријан Настасе ќе може да го напушти затворот откако ќе одлежи осум месеци од две годишната затворска казна изречена поради корупција, одлучи во понеделникот судот во Букурешт.
Настасе, кој беше на чело на романската влада, беше осуден во јуни дека незаконски прибрал два милиони долари за време на неуспешната кампања во 2004 година.
Кога дојде полицијата да го уапси минатата година, Настасе се застрела во вратот.
Актуелниот премиер Виктор Понта и натаму го поддржува Настасе и најави можност од негово враќање во политиката.