Турската војска соопшти дека неидентификуван МИГ-29 вчера прелетал и пресретнал два турски борбени авиони Ф-16, еден ден откако руски авион се најде без дозвола во турскиот воздушен простор.
МИГ-29 се уште е непознато на која земја и припаѓал, а во воздухот бил 5 минути и 40 секунди пред турските авиони.
Турското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека пред два дена во близина на границата со Сирија, руски авион се нашол над Турција без дозвола.
Турците го повикаа рускиот амбасадор во Анкара да ја објасни ситуацијата.
Оттаму напоменаа дека доколку дојде до било каков инцидент, Москва ќе се смета за одговорна, и порачаа да не се повтори руски авион да се најде над Турција без дозвола.
Според светските медиуми, се работи за авион кој учествува во воздушните напади кои Русија ги започна во Сирија против како што соопштија Русите, џихадистите на ИСИС.




