Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Масовни протести пред кипарскиот Парламент

0
By Нова ТВ on March 18, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 18, 2013 19:45

Околу илјада лица се собраа денеска на протест пред кипарскиот парламент против согласноста на власта да го прифати условот на Еврогрупата за воведување данок врз банкарските депозити.

Околу зградата на парламентот е разместен полициски кордон од автомобили и бодликава жица.

Засега нема инциденти.

Демонстрантите, повеќето млади луѓе организирани преку социјалните мрежи, носат транспаренти „Не чепкајте ги нашите пари!“, „Не сакаме да плаќаме за туѓи грешки!„, „Не на Еврогрупата!“.

Протестот доаѓа како одговор на антикризната програма, усогласена на заседанието на Еврогрупата во саботата, што предвидува меѓудругото принудно вовлекување во нејзиното финансирање на вложувачите во кипарски банки.

Оваа досега незабележена мерка предизвика бурна загриженост меѓу кипарските граѓани, кои се почувствуваа ограбени и измамени од владата, која до последен момент изјавуваше дека депозитите на граѓаните се заштитени.

Ова се првите масовни демонстрации против обидот на властите да се раздолжат со пари на своите граѓани за грешките на банкарите и политичарите, забележуваат руските медиуми.

Демонстрациите се одржуваат пред празната зграда на парламентот, бидејќи за денеска планираното гласање на спогодбата за спасувачката помош е одложено за утре, за на претседателот Никос Анастасиадис да му се даде можност да се обиде да се договори со Еврогрупата за намалување на данокот за малите депозити.

Судејќи според паролите на протестот, меѓутоа, тоа на граѓаните не им е доволно, бидејќи тие инсистираат на целосно укинување на таканаречениот „антикризен данок“.

За Кипар, со население помало од милион лица, овој протест е доста голем настан, уште повеќе што денеска на островот е празничен ден по повод христијанскиот празник Чист понеделник, посочуваат руските медиуми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.