Published: Tuesday, October 6, 2015 11:34
Косовската опизиција собра 150.000 потписи од граѓаните кои го поддржуваат нивното барање премиерот Иса Мустафа да го повлече потписот од договорот помеѓу Србија и Косово потпишан во Брисел.
Организаторите изјавија дека петицијата ќе ја испратат до косовскиот Парламент, до локалните институции, до Брисел и Вашингтон, а доколку барањето не биде исполнето ќе почнат протести.
За премиерот Мустафа барањата се неприфатливи и тој потенцираше дека нема да го повлече својот потпис од Бриселскиот договор.
Американскиот амбасадор во Приштина изјави дека САД ги поддржуваат документите потпишани во Брисел, вклучувајќи го и договорот за формирање Заедница на српски општини.




