Рускиот претседател Владимир Путин, издал наредба за воениот врв на Русија да покрене потрага по лидерите на Исламската држава, пишуваат некои медиуми од светот.
Арапските медиуми тврдат дека Путин побарал фокусот посебно да се насочи кон лоцирање на водачот на ИСИС, Абу Бакр ал Багди, за кој се верува дека се крие во местото Рака.
– Путин побара лидерите на ИСИС да му ги доведат живи или мртви. Ако се живи ќе им се суди во руските судови. Ако Бакар ал Багди загине во акција, Путин сака да го види неговото тело како доказ, пишуваат арапските медиуми.
Русија веќе една недела извршува воздушни напади над локации и објекти кои се верува дека се под контрола на ИСИС во Сирија, а Министерството за одбрана соопшти дека цели на уништување се воената опрема, комуникациите, магацините со оружје, муниција и гориво.
Постапките на Русија и понатаму се под сомнеж на земјите од Западот, кои сметаат дека Путин ги напаѓа бунтовниците кои се против режимот на лидерот на Сирија, Башар ал Асад, за кои лидерите од Западот сметаат дека е диктатор и тиранин кој посегнал по својот народ, а иднината на Сирија мора да биде без него.




