Специјалниот претставник на ОН за Либија, Бернардино Леон, соопшти дека во земјата се формирала влада на национално единство по долгите и тешки преговори, со што завршува неколкумесечната двојна моќ во Либија.
Според Леон, одлучен бил составот на владата на национално единство, што според него, претставува чекор напред кон заздравување на земјата потресена од поделби по падот и убиството на долгогодишниот лидер Моамер Гадафи во 2011 година.
Во Либија досега постоеја две влади, едната во Триполи која ги поддржуваше исламистите, и другата во Тобрук која беше меѓународно призната.
Новата влада се соочува со тешки предизвици, од стабилизирање на економијата, решавање на поединечни вооружени групи, се до хуманитарни предвизвици.
Според проценките на ОН, речиси 2.5 милиони луѓе од вкупното либиско население има потреба од некаква хуманитарна помош.




