НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Независни истражувачи за „Скопје 2014“ во Берлин

0
By on March 19, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Куратори, уметници и студенти на архитектура од Скопје oд 18 до 24 март учествуваат во проектот „Поранешен Запад: четврти истражувачки конгрес“ што ќе се одржи во Куќата на културите на светот во Берлин.

Во рамките на проектот „Место за учење“ под водство на културниот теоретичар Борис Буден, истражувачкиот тим од Скопје на 22 март ќе одржи работилница и ќе ги претстави резултатите на истражувањата на кои работеа во текот на последниве неколку месеци.

Овој колаборативен проект беше инициран како критички и креативен одговор на најновите брзи промени во урбаните структури на Скопје. Истражувањето се развиваше околу две урбани ситуации кои влијаеја на урбаното ткиво на градот: реконструкцијата на Скопје по земјотресот (1960ти-1980ти години) и по започнувањето на проектот „Скопје 2014“. Градот е „место за учење“, еден вид склад на знаења и спомени, но некои од постојните значења сега се испразнети и брзо заменети со нови значења. Како резултат на тоа агресивно влијание на конзервативните политики и нео-либералната економија главниот скопски плоштад се претвора во наратив налик на 3Д стрип, еден вид на симулирана национална биографија на македонската нација во која се вметнати посакуваните личности и настани кои недостасувале (како скулптурата на Александар Велики, Портата Македонија, и сл.)

На работилницата тимот ќе го прикаже уникатниот архив составен од мастер-планови, фотографии и звуци, како и изјави на интревјуирани граѓани кои живеат во објекти во градското јадро, за тоа како се одразиле најновите промени врз нивниот секојдневен живот.
Проектот „Поранешен Запад: истражувачки конгрес“ е годишен истражувачки, образовен и изложбен проект во чии рамки редовно се одржуваат конгреси, конференции, предавања и изложби на Association of Citizens for Activism Theory and Art „Freedom Squаre“ од Скопје

Тимот на соработници го сочинуваат Сузана Милевска, независна кураторка, Ивана Драгшиќ, Плоштад Слобода, Ирина Грчева, Петта фасада, Анастасија Спасовска, Гордан Витевски, Мила Димитровска, Дарко Крстевски и Александар Балдаза

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.