Тунискиот Kвартет за национален дијалог е добитник на Нобелова награда за мир за оваа година, поради, како што се вели во соопштението на комитетот за избор, за напорите за стабилизирање на политичката ситуација во Тунис.
Нобеловиот комитет наведува дека овој квартет е заслужен за развојот на демократијата во Тунис по Јасмин револуцијата во 2011-та година.
Нобеловата награда за мир, во вредност од приближно милион долари, ќе биде доделена во Осло на 10-ти декември.
За оваа награда “се натпреваруваа“ 273 луѓе. Помеѓу фаворитите беше и германската канцеларка Ангела Меркел, како и папата Францис.
Тунискиот Квартет пак е настанат од четири организации: Туниската генерална работничка унија, Туниската индустриска конфедерација, Туниската лига за човекови права и Здружението на туниски адвокати.




