Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск ја предупреди Турција дека отстапки за Европската Унија ќе следат само доколку успешно го намалат бранот на бегалци кои сакаат да стигнат во Западна Европа, јавува Ројтерс.
Во писмото на до лидерите од ЕУ, во кое се наведува планот и програмата на самитот со кој утре ќе претседава Туск во Брисел, тој потсетува дека преговорите за бегалската криза со Турција започнаа овој месец, во кои Турција бара визни олеснувања и повеќе парични средства од Унијата.
– Договорот со Турција ќе има смисла ако земјата ефикасно го намали бранот на бегалци.
Отстапките ќе бидат оправдани кога таа цел ќе биде остварена, напишал Туск. Тој предупредува и на опасност од се поголем бран на луѓе во Европа.
– Колку и да звучи претерано, обврска ни е да бидеме подготвени на сите сценарија, наведува Туск кој порачува дека лидерите од ЕУ треба да разговараат за промени на „Даблинскиот систем“ за азил и дека треба да се разговара за безбедноста на границите на Унијата и на соседните земји.




