Published: Thursday, October 15, 2015 11:33
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, и комесарот Димитрис Аврамопулос ќе го посетат грчкиот остров Лезбос, за да се запознаат на место со условите за прием на бегалци.
Бројот на удавени беглаци во Егејското Море се зголеми со последниот смртен случај на жена, доенче и девојче при инцидент со брод, кој се слулил недалеку од островот Лезбос, соопшти грчкото Министерство за морскaта флота.
Во зоната помеѓу Лезбос и турскиот брег, откако добиле сигнал од турски патролни служби, грчките служби спровеле спасувачка акција во која 21 мигрант биле спасени и однесени во Турција.
Телата на трите жртви биле пронајдени од нуркачи под превртениот брод.




