Published: Friday, October 16, 2015 17:06
Унгарија од вечерва на полноќ ќе ја затвори границата со Хрватска, во обид да го запре бранот на бегалци кои доаѓаат од земјите каде се одвиваат војни, од типот на Сирија, Ирак, Авганистан и Африка.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сиарто одлуката ја објави денес, откако се сретна со унгарските претставници за националната безбедност.
Владата на премиерот Виктор Орбан одлучи Унгарија да ја затвори границата со Србија на 15 септември и оттогаш мигрантите одат преку Хрватска да стигнат во Унгарија.
Неговите политики во однос на бегалската криза во неколку наврати е критикувана од страна на пред се хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, како и од големите европски земји Франција и Германија.




