Над 160 луѓе загинаа по превртувањето на брод крај брегот на Нигерија.
На бродот имало 166 луѓе од кои се спасиле двајца – едно мало момче и една жена, кои се држеле за резервоар за бензин, се додека не пристигнала помошта.
Инаку бродот отпловил во петокот од градот Орон во државата Риверс преку Гвинејскиот залив кон државата Габон, но на 40 морски миљи (околу 75 км.) од брегот се превртел.