Тинејџерот Калеб Гордлеј е застрелан откако влегол во погрешна куќа во улицата во која живеел.
Тој после ноќното излегување со своите пријатели, каде конзумирал алкохол влегол во една куќа каде бил застрелан.
Сопственикот на куќата повикал полиција за да го пријави провалникот и фатално го застрелал Калеб, јавува Ројтерс.
Таткото на убиениот 16-годишник изјавил дека син му излегол од дома преку прозор за да оди на забава со другарите.
Доцна во ноќта повторно се обидел преку прозор да се врати дома, но бидејќи куќите во таа населба во Стерлинг, во американската држава Вирџинија, се многу слични, момчето се збунило и влегло во погрешна куќа.
Мајката на Калеб, изјавила дека му простува на убиецот. „Знам дека се се случува со причина, рекла таа, мојот син беше ангел.“