Премиерот Ѓукановиќ околу 18.30 со авион ја напушпти Црна Гора, изјави на протестот во Подгорица опозицискиот лидер Андрија Мандиќ, пренесува Тв Вјести.
Мадниќ апелира граѓаните да бидат мирни и да се однесуваат достоинствено.
Нема да вршиме никакво насилие и да упаѓаме во институциите, рече опозицискиот лидер пред повеќето илјади демонстранти собрани пред зградата на МВР.
Демонстрантите пред малку се упатија кон главиот градски плоштад. Извикуваат “Готов е” и “Мило лопове” . Според информациите на црногорските медиуми и покрај силното полциско присуство засега нема посериозни инциденти.
Лидерот на опозицијата побара до сабота да биде формирана преодна влада или во спротивно како што рече цела Црна Гора ќе дојде во Подгорица.
Протесот уследи по вчерашната акција на полицијата за растерување на демонстрантите кои кампуваа пред зградата на владата 20 дена.




