Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крег Таборн и Грегори Портер како едни од најголемите имиња на Џез Фестивалот

0
By Нова ТВ on October 18, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Крег Таборн

Назначен од списанието „Down Beat“ како „еден од визионерите на новиот музички бран“, композиторот и пијанист Крег Тејборн нуди нова перспектива во создавањето џез-музика. Неговата професионална работа започнува во деведесеттите години на минатиот век, кога работи во различни музички контексти.

Неговите импровизации, особено за соло-пијано, често донесуваат модуларен пристап во кој Тејборн започнува со мали единици на мелодијата и на ритамот, притоа развивајќи ги во поголеми форми и структури. Соло-албумот „Avenging Angel“ („ECM“, 2011) добива извонредни критики. Второто издание за „ECM“, „Chants“ (со неговото трио), на Тејборн му обезбедува прво место на листата на „New York Times“ на најдобрите десет албуми за 2013 година. Таа година „Jazz Times“ го прогласува за пијанист на годината, а во 2014 и Асоцијацијата на џез-новинари му ја доделува наградата најдобар пијанист.





Грегори Портер

Надарен со огромна вокална моќ, надополнета со богат колорит и со совршена контрола, неговите интерпретации се движат меѓу џезот, соулот и госпелот. Со глас што истовремено милува и конфронтира, прегрнува и охрабрува, Грегори Портер покажува неверојатен степен на вокално мајсторство. Во своето детство, Портер е заведен од магијата на Нет Кинг Кол, чии плочи биле дел од колекцијата на неговата мајка. Започнува да настапува во локалните џез-клубови, каде што го среќава Камау Кениата, кој станува негов ментор и го запознава со флејтистот Хуберт Лоуз.

Во 2013 година Портер потпишува договор со „Blue Note“ и го издава новиот албум „Liquid Spirit“, кој ја освојува наградата „Греми“ за најдобар вокален џез-албум. „Liquid Spirit“ доживува голем комерцијален успех, ретко забележан во историјата на џезот, правејќи го Портер мега-звезда и најдобриот и најбараниот џез-пејач денес во светот.





Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.