Во Србија нема да има предвремени парламентарни избори во наредните шест месеци, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.
„Не знам дали ќе бидат по шест, осум или десет месеци, но во наредните три, четири, пет нема да има“, изјави Вучиќ.
Според него предвремено произведување на гласови би било неодговорно, а тој работел во интерес на граѓаните.
Во Србија се претпоставуваше дека гласање може да биде закажано за декември оваа година или за јануари следната година.
Министерот за вработување и социјална политика на Србија, Александар Вулин рече дека ја почитува одлуката на Вучиќ но тој смета дека тие би биле добри за општеството.
– Премиерот има 54 отсто поддршка од граѓаните и двотретинско мнозинство во парламентот, неговата одлука е последна и ќе ја почитувам, изјави Вулин кој додаде дека тој се уште смета дека распишувањето на предвремени избори се потребни.




